Нови нискобуџетни компании ќе долетаат по субвенции

Bez autora
Jan 15 2012

Државните субвенции за авиокомпаниите сигурно ќе донесат нови нискобуџетни летови од и кон Македонија. Ваков е ставот на концесионерот на македонските аеродроми, турската компанија ТАВ, по најавите на Владата дека ќе доделува субвенции за авиокомпаниите што ќе понудат нови дестинации и ниски цени. Според проекциите, Владата планира во следните три години да издвои околу 5,1 милиони евра од буџетот за стимулирање на авиокомпаниите. Доделувањето државна помош треба да почне од годинава, кога за оваа намена ќе се издвојат 1,4 милион евра. Оваа сума во 2013 година треба да се зголеми на 1,5 милион, а во 2014 да достигне 2,2 милиона евра. Целта, според надлежните, е да се воведе поголема конкуренција во авиосообраќајот, што ќе предизвика намалување на цените на авиобилетите. Истовремено, авиокомпаниите ќе имаат стимул да понудат нови дестинации и да го зголемат бројот на летови.

Нови нискобуџетни компании ќе долетаат по субвенцииДржавните субвенции за авиокомпаниите сигурно ќе донесат нови нискобуџетни летови од и кон Македонија.

Ваков е ставот на концесионерот на македонските аеродроми, турската компанија ТАВ, по најавите на Владата дека ќе доделува субвенции за авиокомпаниите што ќе понудат нови дестинации и ниски цени.

Според проекциите, Владата планира во следните три години да издвои околу 5,1 милиони евра од буџетот за стимулирање на авиокомпаниите. Доделувањето државна помош треба да почне од годинава, кога за оваа намена ќе се издвојат 1,4 милион евра. Оваа сума во 2013 година треба да се зголеми на 1,5 милион, а во 2014 да достигне 2,2 милиона евра. Целта, според надлежните, е да се воведе поголема конкуренција во авиосообраќајот, што ќе предизвика намалување на цените на авиобилетите. Истовремено, авиокомпаниите ќе имаат стимул да понудат нови дестинации и да го зголемат бројот на летови.

Раководството на турската компанија ја цени одлуката на Владата да издвои пари за домашни и за странски авиокомпании. Оттаму велат дека иако не ги знаат деталите на стимулативните мерки, уверени се дека тие ќе влијаат позитивно врз одлуките на нискобуџетните компании да влезат во Македонија. Иако веќе преговараат со неколку од нив, засега не ги соопштуваат нивните имиња.

- Има повеќе преговори и разговори меѓу маркетинг-одделот на холдингот ТАВ и различни нискобуџетни авиокомпании. Прерано е да се соопштат имиња на компаниите, но ние се надеваме дека наскоро ќе го сториме тоа - велат од ТАВ.

Изборот на авиокомпании што ќе добијат финансиска поддршка ќе зависи од неколку критериуми, од кои најважни се зголемувањето на фреквенција на летови до одредена дестинација, воведување нови дестинации и зголемување на бројот на патници.

Опозицијата истакна дека ја поддржува идејата за субвенции за авиокомпаниите, но побара Владата да ги објасни критериумите според кои ќе се дели државната помош. Пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули, изјави дека с` додека договорот за концесија на аеродромите меѓу Владата и ТАВ се држи во тајност, останува шпекулацијата дека со субвенциите ќе му се надоместуваат загубите на концесионерот на аеродромите.

Откако ТАВ ги зеде под концесија аеродромите во Скопје и во Охрид, во земјава влегоа две нискобуџетни авиокомпании кои одржуваат редовни летови. „Виз ер“ лета до Лондон и до Венеција, додека „Пегасус“ лета за Истанбул и за Измир. Во Македонија годинава влегоа уште неколку нискобуџетни превозници, но тие имаат летови само во летниот период.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik